ДИЗАЈН НА ВОДЕНИОТ ИЗМЕНУВАЧ

Искуството со години во термодинамиката и изработка на изменувачи на топлина ни даваат за можност да изработиме перфектен дизајн на изменувачот на топлина вграден во печката. Користејки квалитетни материјали, професионално заварување и специјален дизајн на производот издржлив на стрес и оптеретување успеавме да постигнеме стабилност на истиот и при притисок од 10 bar на водата.

СЕКЦИЈА ОД КОТЕЛОТ
СЕКЦИЈА ОД ИЗМЕНУВАЧОТ
СЕКЦИЈА ОД ЦЕВКАТА

Коефициентот на трансфер на греењето на гасовите и течностата во течението на цевките во изменувачот е висок поради преголемата близина на поминувањето на флуидот покрај зидот на цевката со минимален проток. Ваков тип на изменувач изработен за овој принцип со вградување на турбулатори кои го усмеруваат течението на флуидот кон зидовите на цевките истовремено намалувајки ја неговата брзина и правејки турбулаторен проток ја зголемува ефикасноста на термалното изменување. Со изработка на на изменувач со висок термален коефициент на изменување се зголемуваат производните трошоци и комплексноста на производот. Фрико го инволвира овој систем како предност на производот и сите цевки во изменувачот се со вградени турболатори кои се поврзани со заедничка конзола за лесно ракување и чистење со нив. Со инволвирање на овој систем направена е голема искористеност на финалниот производ.

Македонски јазик
English Македонски јазик