KOJA E ПРЕДНОСТA ЗА КУПУВАЧОТ ?

Во 2015 година Европската Унија издаде четири основни регулативи за уредите за греење (ErP regulations), вклучувајќи ги котлите, печките на пелет и на дрва како и камините за вградување. Целта на овие регулативи е да се воведе на Европскиот пазар производи од последната генерација кои ке бидат обележени со специфична енергетска ознака (Energy Labelling) со соодветната енергетска класа на која припага производот.

За производи кои користат биомаса ErP Регулациите ке бида во сила во 28 членки на Европската Унија и EES земјите од следниве дати :

  • За котли на биомаса енергетско означување задолжително од 1 Април 2017 (EU Regulation 2015/1187);
  • За апарати за домаќинството кои работат на биомаса , значи печки на пелет и дрва како и камините, енергетско означување ке започне на 1 Јануари 2018 (EU Regulation 2015/1186).

КАКО ДА ЈА ЧИТАТЕ ЕНЕРГЕТСКАТА ОЗНАКА НА ПЕЧКИТЕ ДУВАЛКИ И ЗА ПЕЧКИ И КОТЛИ ЗА ЦЕНТРАЛНО ГРЕЕЊЕ

Од 1 Јануари 2018, сите печки и камини во продажба задолжително треба да имаат енергетска ознака, слична на останатите апарати за домаќинството кои со години ги имаат претходно.

Следниве информации се наоѓаат на енергетската ознака :

  • името на добавувачот и неговата трговска марка
  • ознака на моделот
  • енергетската класа на производот, на скала од G дo A++
  • излезната грејна моќност на уредот, која е номинална грејна моќност, изразена во КW.
  • енергетските ознаки за печките за централно греење како и котлите мора да ги имаат вклучено овие детали плус вредност на грејната моќност оддадена на вода.
Македонски јазик
English Македонски јазик