Производите на ФРИКО имаат гаранција од 36 месеци на котелот, конструкцијата како и на електричните и електронските компоненти кои се вградени. 

Гаранцијата важи од датумот на купувањето на производот.

ГАРАНТНА ИЗЈАВА

- Се обврзуваме бесплатно да ги отстраниме сите дефекти и технички недостатоци на производот кои настанале при нормална употреба под следниве услови:

- Ако корисникот ракувал со производот според прирачникот за употреба на производот

- Ако производот не е механички оштетен

- Ако продавачот го оверил Гарантниот лист и има сметката за купениот апарат

- Ако производот претходно не бил поправан од неовластени лица

- Ако апаратот не е оштетен од временски (елементарни) непогоди

- Ако не е изменет или оштетен серискиот број на производот

ДОДАТНИ УСЛОВИ

  • Ако горивото кое го користи одговара на опишаното во карактеристиките на производот
  • Ако оџакот ги задоволува бараните карактеристики за производот и истиот е исправен и исчистен
  • Потрошувачот ги има законските права кои произлегуваат од националното законодавство кое ја регулира продажбата на производите и овие права не се зазгрозени со гаранцијата.
  • За време на гарантниот рок производителот бесплатно ќе ги смени неисправните делови доколку е тоа последица на лош материјал или недостатоци при производството.
  • Производителот не гарантира за сите дефекти кои се направени физички или како последица на удар врз производот.
  • Не одговараме за последици на лошо користење на производот или недостиг на внимание, лошо одржување и лоша инсталација.
  • Стаклото не подлежи на гаранција, за оштетените производи при транспорт не одговараме.
  • Сервисната служба е должна да излезе на увид и сервисна интервенција во рок од 7 дена.
  • Доколку сервисната поправка трае подолго од 15 дена, гаранцијата ја продолжуваме за време траењето на сервисната поправка.
  • Доколку сервисната поправка трае подолго од 30 дена производот ке го замениме.
  • Фабриката се обврзува за сервисни поправки и надвор од гаранцијата со наплата.
  • Го задржуваме правото на измени кои не влијаат на функционалноста и сугурноста на уредот.
  • ...........
Македонски јазик
English Македонски јазик